Навивачката група на Вардар, „Комити“, не доби дозвола да влезе на трибината на стадионот Железарница, па го бодри тимот на Чедомир Јаневски од ритчето над стадионот. Тие истакнаа и транспарент, а и постојано ги бодрат фудбалерите на Вардар, кои веќе имаат водство од 0-1, со голот на Фелипе Рибеиро во 27.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА