Навивачката група на Вардар, „Комитите“ информираат дека нема да присуствуваат на вечното дерби со Пелистер кое се игра во сабота (29. март) со почеток од 15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
„Комитите“ информираат дека во знак на почит кон настраданите во ужасната трагедија во Кочани, овој пат ќе го прескокнат навивањето како израз за поддршка на својот клуб.
„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер. Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе. Вардар во срцето, Македонија во душата!“ – се вели во соопштението од „Комитите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА