„Комити“ организираат меморијален турнир за 30-годишнината: Во чест на отсутните браќа

Навивачката група „Комити“ оваа година го слави 30-годишниот јубилеј од формирањето, а по тој повод ќе биде организиран и Меморијален турнир, како дел од одбележувањето на трите децении верност кон Вардар. На 22-23 септември на спортскиот центар Ново лисиче ќе биде организиран Меморијален турнир во мал фудбал, на кој ќе земат учество 16 екипи составени од „Комитите“, од различни генерации.

„Во чест на отсутните браќа“, е тематиката на овој турнир, со кој навивачката група сака да ги спомене и сите оние членови кои веќе не се меѓу нас, но дадоа голем придонес за развој на групата и беа верни поддржувачи на Вардар.

На турнирот, како што истакнуваат „Комити“, ќе учествуваат 16 екипи…

1. ФРОНТ2. ТОМО КОМИТА3. КЛУБ4. К. ВОДА5. МАЏАРИ6. В.Е.П.7. 19478. ЧЕНТО 089. СКИНЕРИ10. ПИВО11. СТАРА ГАРДА12. 09113. ИЛИНДЕНЦИ14. ЛФ МЛАДИ15. НОВО ЛИСИЧЕ МЛАДИ16. ДРАЧЕВО

Се вчитува...