Во дербито од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига, Вардар денеска на стадионот на СРЦ „Железарница“ во Скопје ја пречекува Воска, во натпревар кој во голема мера може да го одлучи натамошниот тек од сезоната.
И најверните вардарови навивачи, „Комитите“ се подготвуваат за дерби-дуелот повикувајќи на масовност во поддршката на својот клуб.
„Ни следи дерби натпревар од кој во голема мера ќе зависи понатамошниот терк на сезоната. Борбата за тронот започнува во 13:30ч, на стадионот во Автокоманда. Продукција Запад е спремна и те повикува“ – се вели во повикот на „Комитите“ за масовна поддршка на црвено-црните на денешниот натпревар.
Дерби натпреварот од 10. коло во ВМФЛ, меѓу Вардар и Воска ќе започне половина час порано. Поради технички причини и вклопување во програмската шема на Спортклуб почетокот на натпреварот ќе биде од 13:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА