„Комити“ револтирани на своите миленици: „Бидете подготвени за долг престој во Втора лига!“ (ФОТО)

Вардаровите навивачи „Комитите“ искажаа отворен револт од играта на своите миленици на денешниот натпревар против Охрид на стартот од пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад.

Вардар на гостувањето во Охрид ремизираше без голови, по што сега црвено-црните се на минус од пет бода во однос на второпласираната Воска спорт, а цели 12 бода зад водечкиот Силекс.

Токму поради тоа „Комити“ испратија порака до фудбалерите и раководството на клубот…

„На трибини прва лига, на терен недостојни ни за второлигаши! Штетата е направена, Вардар е доведен во подредена положба, и веќе нема никаква контрола над ситуацијата на табела, и натамошниот дел од првенството. ‘Бидете спремни на долг престој во Втората лига’ – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА!“ – велат „Комити“ по гостувањето во Охрид каде дадоа максимална поддршка за својот клуб.

Се вчитува...