4 јуни 1987…Датум што секогаш ќе го памети секој „Комита“ и ќе го слави како свој роденден, затоа што во 1987 година, за првпат на Западната трибина на Градскиот стадион во Скопје, на фудбалскиот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда се појави транспарентот „Комити“. Се роди навивачката група која верно ги следи „црвено-црните“ бои…и во добро, и во лошо, но секогаш и секаде со Вардар.
4 јуни 2017…30 години подоцна, на големиот јубилеј на „Комити“, ракометниот клуб Вардар ќе игра во финалето на Лигата на шампионите. Поубав подарок за своите навивачи и не можеше да донесе. Уште ако вечерва „падне“ ПСЖ, ќе биде „црвено-црно“ лудило…
The 13:12 half-time lead has the @HCVardar fans singing #ehffinal4 pic.twitter.com/zuoHdM0tm4
— EHF Live (@EHF_Live) June 3, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА