Вардар го совлада Пелистер во „вечното дерби“ на македонскиот фудбал со 1-0, но мечот што се одигра на „Филип Втори“ ќе остане запаметен по прославата на јубилејот на „Комитите“ – 30 години од нивното постоење. И додека навивачката група беше на ниво, а имаше и гости од Битола на спротивната страна, на теренот беше прикажан просечен фудбал. Како за дуел меѓу актуелниот шампион и освојувач на Купот, фудбалерите и на двете екипи останаа должни…
Единствениот гол на дербито беше дело на репрезентативецот Висар Муслиу, кој со удар со глава успеа да ја затресе мрежата на Пелистер во 65.минута. Ќе се прераскажува долго спектаклот на Комитите, изнесените пароли, како и моментите кога Запад „гореше“ од факели…
[new_royalslider id=”853″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА