Комити со акција: Преку глава ни е од малверзации, време е за спас на ФК Вардар

Навивачката група на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, Комити Скопје почна акција за спас на клубот.

Тие ги повикуваат сите вљубеници на ФК Вардар да донираат средства за спас на клубот и негово функционирање во иднина.

Поради катастрофалната работа на раководството предводено од Самоил Симев, гордоста на Скопје и Македонија ги живее своите најтешки денови од формирањето и буквално е клубот е оставен како сираче на улица без свои простории.

Се вчитува...