Навивачката група „Комити“ ќе мине 3.300 километри со автобус, само за да му даде поддршка на македонскиот првак Вардар на вториот меч од групната фаза во Лигата на Европа, против норвешкиот тим Розенборг, в четврток во Трондхајм. Најверните фанови денеска напладне тргнаа од Скопје и ги чека долг пат до Норвешка, но тие велат „За тебе Вардаре, и до Сибир малку е…“
„Првото гостување на Вардар во еден натпревар од Лига Европа, и не можеше да биде подалеку, речиси 3300 километри…
Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на Чартер-Летовите, ова гостување останува да го одработиме онака “Old School” со автобус…
Не помина многу долго кога како слоган го прифативме оној дека “За тебе Вардаре и до Сибир малку е”…Не е Сибир, но е тука некаде и според климатските услови но и според оддалеченоста…
Собир Денес 26.09 (Вторник) во 11:00ч. на Железничка а ПОАЃАЊЕ во 12:00ч.
Ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста…Да не бевме Комити ќе речевме дека е тотално надвор од секој разум и логика, но Комити сме, и совршено ни е логично и јасно:
Одиме за Трондхајм!!!“ – истакнуваат „Комити“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА