„Комити“ со пиротехничко шоу и порака до Европскиот парламент (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар со убедлива победа од 3-0 против санмаринска Ла Фиорита го заврши првиот натпревар од стартното коло во Конференциската лига на УЕФА.

Дуелот, и убедливата победа, ја искористија и „Комитите“ за свое пиротехничко шоу во второто полувреме.

„Комитите“, преку транспарент, испратија и порака до Европскиот парламент за вчера усвоениот извештај за Македонија во кој беа избришани термините македонски јазик и идентите.

„На македонскиот народ не му треба ваша дозвола за да постои“ – е пораката која ја упатија „Комитите“ до ЕУ парламентот.

 

Се вчитува...