Комити со реакција: ФК Вардар организациски е една обична нула, Грне ја врати надежта

Навивачката група Комити преку соопштение се осврна на штотуку завршената фудбалска сезона во која Вардар не успеа да се пласира во баражот за влез во Првата лига.

Без оглед на сомнежите што навивачите на Вардар ги имаат за регуларноста на дуелот од последното коло во Кратово, „комити“ главната вина за оваа катастрофална сезона ја гледаат во таборот на управата на клубот.

„Тагата и гневот се големи, но ќе поминат, и ако лани увидовме дека Работнички ни е непријател, сега знаеме дека ни е и Силекс. И ако тоа некому му звучи во стилот “секое чудо за три дена”, не е, затоа што ние ќе дојдеме по своето. Но ако сме реални грешките за оваа најслаба сезона во историјата на ФК Вардар, ќе ги пронајдеме пред се во сопствените редови. Вардар организациски е една обична нула, потпросечен второлигашки тим. Благодарение на Грне се врати надежта, но дури и со идеален ефект (пет од пет) не можеа да се покријат организациските пропусти од предходно. Преку Вардар се ништи Македонија, преку Вардар се уништува она малку што е останато, што прави да бидеме горди, достоинствени и препознатливи. Преку Вардар не ништат и нас, како симбол за неискварена, здрава Македонска младина… Но нас не ништат долго време, а ние сеуште сме тука, и секогаш сме посилни од предходно. Тука сме затоа што не се предаваме, па затоа немаме избор освен да бидеме посилни. Нека проработи инаетот, и целиот гнев нека се претвори во љубов, затоа што ќе победиме единствено со љубовта а не со омразата, и тогаш победата ќе биде триумф“, порачуваат Комити.

Воедно, навивачите на „црвено-црните“ најавуваат дека денеска ќе им дадат поддршка на ракометарите на Вардар во финалето од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер, меч што ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

„ОДИМЕ ВО КАВАДАРЦИ ❗️ Тоа е прва можност да триумфираме, и да покажеме дека не успеале да не ослабат и деморализираат. Триумфот не е во играта на теренот, туку во нашиот карактер на трибина. Да покажеме карактер и да покажеме срце, тоа ќе биде првиот удар врз оние кои учествуваа и ни спремаа мрачни сценарија, оние кои не предадоа, истите тие кои и сопствените деца би си ги продале заради грст жолтици. Да се радуваме на трибина, затоа што она што сме ние, и она што го имаме е посебно и свето, нешто што овие гнаси никогаш нема да го разберат ❗️

📆 Недела, 15.05
🔥РК Вардар – РК Пелистер
СОБИР: Сала Јане Сандански 16:00ч.

Се вчитува...