Комити со реакција: Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар (ФОТО)

После назначувањето на Гоце Седлоски на клупата на Вардар, со свој коментар се обратија и навивачите на „црвено-црните“. „Комитите“ не дадоа поддршка на назначувањето на Седлоски на клупата, поради тоа што бил дел од Шкупи, а и, како што велат, „сомнително работење“ во Вардар.

Навивачите му порачаа на новиот тренер воопшто да не седнува на клупата на „црвено-црните“ во сабота.

„Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар. Во 2017 година беше избркан од клубот поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа. Во сабота седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш, или воопшто не доаѓај. Вардар и Градски повеќе за тебе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено“, стои во дел од реакцијата на „Комити“.

Се вчитува...