По одлуката на ФФМ да го одложи утрешното 17. коло во ПМФЛ, и истото да се одигра во вторник без присуство на публика на натпреварите, се огласија навивачите на Вардар. „Комитите“ бараат од ФФМ да го одложи колото за идната недела со присуство на публика.
Воедно навивачката група на Вардар бара од клубот да го прифати нивното барање мечот со Тиквеш да се игра во вечерен термин.
„По одлуката донесена од страна на ФФМ, а во координација со МВР, натпреварите од 17 коло на ПМФЛ да бидат одложени, и истите да бидат одиграни без присуство на публика, во вторник(03.12.2024) во 13:00ч, го соопштуваме ставот на групата:
Скандалозното сквернавење на македонските симболи, кое со години се повторува во континуитет, не се решава со затворање на стадионите. Се решава со затворање на сите кои на било кој начин, се обидуваат да ја нарушат унитарноста на Република Македонија.Гневот на Македонецот во овој момент е голем но е и целосно оправдан и истиот нема да исчезне, напротив, со носењето на вакви одлуки, уште повеќе ќе се зголемува!Сметаме дека ваквите одлуки и непопуларни термини, дополнително влијаат и врз лошата ситуација во која генерално се наоѓа мак фудбалот, па затоа бараме од надлежните институции:Поништување на одлуката со која натпреварите ќе се одиграат во вторник(03.12.2024) и повторно одигрување на истите, наредната недела со присуство на публика!
Покрај тоа, апелираме до Управата на ФК Вардар, веднаш да се одважи и да го прифати нашето уредно поднесено барање, натпреварот против ГФК Тиквеш, да биде одигран во вечерен термин“, стои во соопштението од „Комити“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА