„Комити“ задоволни: Заминувањето на Симов е вистинска одлука, се надеваме дека реакцијата е навремена

ФК Вардар денес ја извести јавноста дека ја прекинува соработката со Горан Симов, по низата лоши резултати, а негова замена ќе биде Никола Глигоров.

„Комити“ веќе подолго време бараа разрешување на менаџерот на „црвено-црните“, па по ваквата одлука се огласија дека се задоволни од ваквата санкција, како и од назначувањето на Глигоров за нов тренер.

„Одговорноста за слабите и бледи изданија на Вардар, ја превзема Шефот на стручниот штаб Горан Симов, што според големото мнозинство Вардарови навивачи е вистинска одлука. Се надеваме дека реакцијата е навремена, штетата која е настаната ќе може да се санира, и за брзо време ќе фатиме приклучок за местата кои водат кон повисок ранг. Во името на неговото минато како голман во Вардар со заслуги за освоени две Шампионски титули, му посакуваме успех во натамошната кариера. Максимална поддршка за ангажманот на Никола Глигоров, кој како вршител на должност Шеф на стручен штаб на ФК Вардар ќе го предводи тимот“, стои во дел од соопштението на „Комити“.

 

 

Се вчитува...