Навивачката група „Комити“ во моментов не е во најдобри односи со раководството на ФК Вардар, па претставници дојдоа на прес – конференцијата за претставување на Дарко Панчев како нов спортски директор, јавно да прашаат зошто клубот им ги затвора вратите…Следеше одговор од извршниот директор Самоил Симев, дека ФК Вардар не ги затвора вратите, туку не смеат на Запад поради реновирање на стадионот?!
„Влезот не е затворен за „Комити“, ние сме постојано во контакт со вашите лидери и тие недоразбирања се надминуваат. Поради реновирање на стадионот навивачите мора да одат на Југ, а на Запад не дозволуваат од стадионот, бидејќи во моментов се прави реконструкција“, изјави извршниот директор Самоил Симев.
Сепак, „Комитите“ потенцираат дека проблемот не е поради реновирањето на стадионот, кој секако не се реконструира на Западната трибина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА