Новиот италијански калчолигаш Комо намерува да остане во елитниот италијански фудбал и во годините кои следат, а за тоа гради и „пеколен тим“. По ангажманите на фудбалери како Рејна, Варан и Белоти, на прагот на клубот се и младите таленти од Реал Мадрид и Манчестер Сити, Нико Паз и Максимо Пероне.
Преговорите со шпанскиот и англискиот клуб се во завршна фаза и едни од најталентираните фудбалери на генерациите 2004 и 2003 само формалности ги делат од официјален потпис. Неизвесност останува само дали тоа ќе бидат позајмици или пак перманентни трансфери.
Паз минатата сезона за Реал Мадирд одигра осум натпревари, а беше стрелец на натпреварот против Наполи во Лигата на Шампиони, додека Пероне беше позајмен во Џиорна каде настапи на 30 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА