Поранешниот англиски репрезентивец Деле Али повторно е слободен играч, откако Комо му го раскина договорот. Не се прослави ниту во италијанскиот тим, одигра само 10 минути, по што се решија да му дадат одврзани раце да си бара нов клуб, а има опција дури и да ја заврши кариерата.
Своевремено Али беше едн од најдобрите играчи од средниот ред не само во Англија, туку и во Европа, затоа и многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги, меѓу кои и големите Барселона и Реал Мадрид.
Меѓутоа неговата кариера почна да оди во надолна линија за време на пандемијата од коронавирусот. Во 2022 година од Тотенхем прави трансфер во Евертон, а и таму не успеа да се наметне, па една сезона мина како позајмен во Бешикташ. Остана без клуб по заминувањето од Евертон. Комо му пружи шанса, го ангажираше на почетокот на годинава, меѓутоа по само еден одигран меч и 10 минути, заминува од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

