Играчот на Реал Мадрид, Нико Паз ќе ја продолжи кариерата во Италија, во дресот на Комо.
Новиот чел на Серија „А“ веќе испратил понуда за ангажман на фудбалерот во вторникот, а двете страни речиси се веќе договорени.
Реал Мадрид ќе го продаде целосно својот играч, но ќе стави клаузула во која ќе може да го врати во тимот по многу поволна цена. Исто така ќе има клаузула ако во случај не сака да го врати назад, да има процент од следната продажба.
Паз веќе се согласил да се пресели во Комо. Тој во минатата сезона беше дел од три меча во ЛШ, и постигна еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА