Екипата на Комо славеше на гостувањето во Торино кај Јувентус, и така ја стигна „Старата дама“ на табелата на само еден бод заостанување. Јувентус, пак, го претрпе вториот пораз по ред, после неуспехот против Интер, а во исто време Комо ја прекина серијата од три меча без победа.
Војвода со одличен удар го совлада Ди Грегорио, и така донесе предност за гостите. Јувентус се обиде веднаш да се врати преку Опенда, кој упати катастрофален шут, и така шансата пропадна.
Комо зголеми на 2-0 во 61. минута Да Куња поведе противнапад, одлично додаде до Какере, кој мирно ја заби топката во мрежата на Ди Грегорио.
Компајнерс и Аџиќ кај Јувентус имаа шанси да му донесат на својот тим да го избегне поразот, но не ги искористија шансите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

