Фудбалерите на Комо продолжуваат со одличните настапи сезонава, откако со 0-3 на гостински терен го совладаа тимот на Лече, и се искачија на високата седма позиција во Серија „А“. Ова беше шести триумф за избраниците на Цеск Фабрегас, и ја прекинаа мини серијата на порази од два меча.
Нико Паз во 20. минута од средбата на додавање на Војвода го отвори резултатот. Потоа Лече остана без тренер, откако Ди Франческо доби исклучување.
Рамон во 66. минута носи предност од 0-2 за гостинскиот тим, за Дувикас во 75. минута ги постави конечните 0-3.
Екипата на Торино „прокоцка“ предност на домашен терен против Каљари, и на крајот загуби. Влашиќ уште во 28. минута донесе радост за домашните, која траеше до 45. минута кога Матео Прати израмни.
Убав гол постигна Семи Киличсој за Каљари и ги донесе трите бода. Стрелецот на погодокот се „прошета“ низ одбраната на домашните со убави дриблинзи, и на крајот стрелаше во мрежата за голема победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

