Компани го премисли Кимих – останува и ќе потпише нов договор со Баерн

Џошуа Кимих конечно ќе ги разреши сите дилеми околу иднината и ќе потпише нов долгогодишен договор со Баерн Минхен, објави тиражниот весник „Билд“ повикувајќи се на извори блиски до самиот фудбалер, како и до управата на баварскиот гигант.

Кимих секогаш ја истакнуваше лојалноста кон клубот, но во претходните две сезони се соочуваше со сериозни проблеми поради конфликтите со Томас Тухел. Тој одбиваше да потпише нов договор со клубот, беше поврзуван со Барселона и со Ливерпул, но Кимих ги одби и овие понуди чекајќи да ја види разврската во најтрофејниот германски клуб.

Тухел беше сменет минатото лето, а германскиот репрезентативец е презадоволен од соработката со новиот тренер Винсан Компани. Важно за Кимих беше враќањето во средниот ред откако од Тухел лани почесто беше користен како десен бек. Компани не крие дека на него гледа како на лидер на екипата во сезоните што следат, ветено му е дека од следната сезона ќе биде и капитен на Баерн, што според „Билд“ било доволно за Кимих да донесе конечна одлука, да ја прифати понудата за нов четиригодишен договор со баварскиот гигант.

Се вчитува...