Компани имаше вечер за паметење: Сити и „Етихад“ засекогаш во моето срце… (ВИДЕО)

На „Етихад“ се одигра хуманитарен натпревар меѓу легендите на Манчестер сити и легендите на Премиер лигата во чест на поранешниот капитен на Сити, Винсент Компани.

Белгиецот го напушти клубот минатата сезона по 11 години и бројни титули, и иако не можеше да игра на натпреварот поради проблеми со задната ложа, повеќе од 50.000 навивачи на Сити со овации ја испрати својата легенда. Сите средства од билетите одат за хуманитарната организација на Компани која е посветена за намалување на бројот на бездомниците во Англија.

Натпреварот заврши 2-2, а за легендите на Сити настапија и Сержо Агуеро, Давид Силва а предводени од Пеп Гвардиола. На терен беа и Џо Харт, Пабло Забалета, Коло Туре, Најџел Де Јонг, Самир Насри, Мартин Петров. На клупата беа и играчи како Џејмс Милнер, Крег Белами а во публиката беше и Марио Балотели.

И легендите на Премиерлигата имаа одличен состав. Ван Дер Сар на голот, па Гери Невил, Карагер, Карик, Ешли Кол, Артета, Бат, Сколс, Гигс, Роби Кин, Ван Перси…

„Сите и Етихад засекогаш ќе останат во моето срце. Ова не се заборава, ви благодарам на сите“ – истакна Компани во емотивното обраќање пред натпреварот.

 

Се вчитува...