Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше триумфот од 4-0 над Вердер Бремен и рекордот на Хари Кејн , кој го постигна својот 100-ти гол за клубот најбрзо од кој било друг играч во првите 5 европски лиги во 21 век.
Кејн на вчерашниот меч против Вердер Бремен постигна два гола, со кои стигна до бројката од 100 голови.
„Тоа беше уште еден одличен момент за Хари Кејн. Начинот на кој стигна до овој рекорд и колку напорно продолжува да работи за тимот зборува за неговата внатрешна глад и желба“, рече Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

