Компани: Нема изговори, Баерн требаше да победи и со играч помалку

Тренерот на Баерн Минхен, Висент Компани не беше задоволен од поразот на неговиот тим од Бохум со 2-3. Белгискиот стручњак рече дека неговиот тим и покрај црвениот картон, требало да издвои победа.

Компани ја презеде вината на себе за овој пораз, но за негова среќа загуби и Баер Леверкузен, па ја задржа предноста.

„Нема оправдување. Изгубивме и тоа е тоа. Можеме да анализираме колку сакате, на крајот треба да преземете одговорност за се да направиме да се подготвиме за следните предизвици. Важно е да ја прифатиме критиката. Црвениот картон не треба да биде изговор. И со десетмина водевме 2-1, не смеевме да загубиме. Но, не сакам ништо да му одземам на Бохум, тие заслужија да победат“, рече Компани.

Се вчитува...