Компани: Немам никакви дилеми, Чурлинов е играч кој го сакам

Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов го делат детали од официјализирање на трансферот во англискиот тим Барнли.

Клубот од Чемпионшип е предводен од белгиската фудбалска легенда Винсент Компани. Легендарниот дефанзивец даде само комплименти за Дарко, па потенцираше дека Чурлинов е играч кој дефинитивно го сака во тимот.

„Нема никакви дилеми, Чурлинов е играч кој го сакам. Тоа не е никаква тајна, но постојат некои детали на кои мора да работиме и да ги завршиме. Играчот не е тука, ајде, ќе го наречеме процесот дека е во тек. Тој е универзалец повеќе од крилен играч и може да игра на повеќе позиции. Но, ајде да не говориме многу на оваа тема затоа што може да ја потрошам половина конференција да говорам за играч кој може да дојде, а може и да не дојде“, потенцираше Компани.

Се вчитува...