Компани: Одигравме совршен меч

Баерн Минхен од самиот старт на новата сезона покажа дека ќе биде страв и трепет за ривалите во Бундес-лигата откако во првото коло го декласираше Лајпциг со преубедливи 6-0. Баварците создадоа повеќе од десет стопроцентни шанси, а само поради голманот Гулаши и неколкуте негови одлични интервенции победата на шампионот не беше уште поубедлива.

По мечот тренерот на клубот од „Алијанц арената“, Винсент Компани кој изјави дека одиграле совршен меч.

„Се надевам дека навивачите уживаа во нашата енергична и забавна игра, впрочем и затоа играме фудбал. Имавме одличен прв натпревар на ‘Алијанц арената’, се беше совршено. Имавме многу проблеми оваа недела, но ние одговоривме на теренот. Имаме основа, база, и тоа е најважно. Постои само една концепција за оваа сезона: секогаш да победуваме“, рече Компани.

Се вчитува...