Баерн Минхен го претрпе првиот пораз во Бундеслигата откако во 14. коло беше шокиран во Мајнц, губејќи со 2-1 на големо изненадување.
Незадоволството од прикажаната игра за која вели дека е била на највисоко ниво не го криеше Винсент Компани, но како што вели тоа не ја прави победата на Мајнц помалку импресивна.
„Честитки до Мајнц на победата. Игравме против жилава екипа која беше подготвена да се бори во секој момент. И ние го направивме тоа, најдобро што можевме, но порано бевме подобри. Денеска со квалитетот не бевме на врвот, но тоа не значи дека победата на противникот не е импресивна. Овој пораз е готово, но ќе го искористиме да издрадиме мотивација за следниот натпревар“, изјави Компани.
На овој натпревар Баерн Минхен во нападот го немаше својот најдобар голгетер Хари Кејн, но белгискиот тренер се надева дека ќе се врати од повреда веќе за следната средба против Лајпциг.
„Хари е подобар. Малку ни недостасуваше да биде подготвен и за овој натпревар, а за следниот се надевам дека ќе ни биде на располагање“, додаде тренерот на германскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА