Баерн Минхен сосема неочекувано го претрпе првиот овосезонски пораз на домашен терен, и тоа од Аугсбург со 1-2. Баварците имаа предност по првото полувреме, но големиот пад во вториот дел им овозможи на гостите да направат пресврт и да стигнат до историска победа на „Алијанц Арена“.
Тренерот Компани сепак не беше премногу критичен кон својот тим, јасно ставајќи до знаење дека не им замерува за лошиот ден.
„Ова ни е прв пораз по пауза од десет месеци, секоја серија мора еднаш да заврши. Сакам да постигнам многу работи со овој клуб, да освојам многу трофеи. Можам да преболам ако имаме по некој пораз, доколку на крајот бидеме успешни во борбите за трофеите. Нема да ми пречи ако на секои десет месеци губиме по еден натпревар, тоа е само доказ колку добро играат момците целиот овој период. Загубивме од Аугсбург, кој се покажа во добро светло. После некој ќе каже дека Бундес-лигата била слаба, но факт е дека сите тимови се квалитетни и ќе сторат се за да изненадат, особено кога играат против нас. Затоа овие наши десет месеци без претрпен пораз уште повеќе добиваат на значење“, истакна Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

