Компани: Повредата на Кејн не е сериозна, но нема да игра против Леверкузен

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен одиграа одличен натпревар во Дортмунд, кој заврши без победник 1-1. Со тоа разликата меѓу овие два тима остана иста, а Борусија остана непорзен тим на домашен терен во Бундеслигата.

Лоша вест за Винсен Компани е повредата на својот прв напаѓач, Хари Кејн, кој мораше да го напушти теренот во 33. минута. Сепак, тренерот на Баварците ги смирува навивачите велејќи дека повредата не е сериозна.

„Хари ми рече дека не е многу лошо, и се надевам дека е така. Ќе направиме дополнителни тестови. Ќе биде тешко да игра против Баер Леверкузен. Не знам многу играчи кои успеваат толку брзо да се опорават“, рече Компани.

Се вчитува...