Манчестер Јунајтед е во криза, откако запиша три поради по ред. „Црвените ѓаволи“ загубија од Арсенал и Брајтон во Премиерлигата, а потоа и од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Тие викендов имаат гостуваање кај Барнли, и притосокот врз Ерик Тен Хаг е се поголем, а ќе биде уште полошо ако не успеат да победат. Во последните пет меча, Манчестер прими неверојатни 14 гола, и од тука голманот Онана наиде на жестоки критики.
Тренерот на Барнли, легендарниот Винсент Компани кој беше дел од Манчестер Сити во минатото, кажа дека ситуацијата во Јунајтед воопшто не го интересира.
„Јас бев во голем клуб и знам дека кога ќе загубите неколку меча, тензијата брзо се зголемува. Но, нашиот фокус е на теренот. Веќе играме против трите најдобри екипи во Англија. Навистина се радувам на мечот со Манчестер Јунајтед. Верувам во нападот на нашиот тим. Не ме интересира што се случува во противникот. Смирени сме, но во исто време возбудени и сакаме да се надградиме себе. Кога си врвен клуб секогаш си блиску до криза. Не само во Јунајтед, туку во секој клуб. Тен Хаг покажа дека е способен да го води тимот, но мислам дека му треба повеќе време да се прилагоди на околината“, вели Компани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

