Тренерот на Баерн Минхен, Винсант Компани одговори на критиките упатени кон него за лошите резултати на неговиот тим во средбите пред репрезентативната пауза.
Баерн Минхен во последните две кола од Бундеслигата ремизираше со Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт, а претрпе пораз од Астон Вила во Лигата на Шампионите.
„Знаеме дека можеме подобро и веруваме дека е бидеме поуспешни. Се надевам дека ќе направиме чекор повеќе веќе во следниот натпревар.
Јас доаѓам од Белгија. И ние сме прагматични како Германците. Не е се во вербсата, туку и во анализите. Доминиравме во последните натпревари, креиравме повеќе шанси од противникот. Нормално дека мораме да бидеме подобри, ажурни, но верувам и дека би било глупаво да менуваме се поради лоши резултати доколку бидеме објективни“, вели младиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА