Пораншениот капитен на Манчестер Сити, легендата на премиерлигашкиот клуб, Венсан Компани реши да ја заврши играчката кариера и ќе биде на клупата на Андерлехт како единствен тренер. Тој во минатата сезона беше играч-тренер, а клупата ја делеше со Франк Феркаутерн. Но, според информации од белгиските медиуми, тандемот имал недоразбирања и се разделил.
Андерлехт заврши дури на осмата позиција во белгиското првенство, Компани одигра 15 натпревари и постигна еден гол. Во Белгија веќе е почната и новата сезона, а Андерлехт има добар почеток со два триумфа во двете одиграни кола.
Венсан Компани стана ѕвезда на светскиот фудбал градејќи ја кариерата во Манчестер Сити каде што дојде во 2008 година. Со клубот освои четири титули во Премиер-лигата, беше миленик на навивачите, имаше актуивна улога во помагањето на бездомниците во градот. Тој е и ФИФА амбасадор на фондацијата СОС за деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА