Компани: Во Баерн како да се врати пандемијата на коронавирусот

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани ја коментираше победата од 4-0 на својот тим над Хајденхајм, и покрај тоа што „Баварците“ имаа големи кадровски проблеми. За овој меч, Компани не можеше да смета на Нојер, Кимих и Павловиќ поради грип.

Токму поради многубројните отсуство, белгискиот тренер кажа дека ситуацијата во тимот е како во пандемијата на коронавирусот.

„Многу сум горд затоа што оваа недела како да имавме пандемија на коронавирус во тимот. Немавме случаи на Ковид, но секогаш кога ќе дојдеше докторот, стравувавме дека може да изгубиме уште еден играч. На крајот имавме дванаесет искусни играчи, а Дејвис и натаму не беше подготвен. Се потправме и на млади играчи кои одлично си ја завршија работата, и горд сум поради тоа“, изјави Компани.

Се вчитува...