Баерн Минхен во големи проблеми: Остана без единствениот лев бек

Баерн Минхен го победи Челзи во првиот натпревар од Лигата на шампионите, но се најде и во нов проблем. Јосип Станишиќ, бекот на „Баварците“ доживеа повреда поради која ќе мора да паузира две до три недели, што значи дека ќе игра дури по октомвриската пауза. 

Проблемот за Компани е што Алфонсо Дејвис, Хироки Ито и Рафаел Гереиро долго време се надвор од игра, па сега практично нема ниту еден лев бек. 

Затоа вчера непланирана шанса доби Саша Бој, кој речиси сигурно ќе мора да игра на „контра“ страната во следните натпревари.

Без класичниот лев бек, Баерн сигурно ќе игра против Хофенхајм, Вердер и Ајнтрахт во Бундеслигата, како и на гостински терен кај Пафос во Лигата на шампионите. 

Се очекува Станишиќ да биде подготвен за „Дер Класикер“ против Борусија Дортмунд на 18 октомври, веднаш по паузата. 

Се вчитува...