Компани застана зад Нојер по неверојатниот кикс: Како тим секогаш ќе се поддржуваме

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, смета дека голманот Мануел Нојер е доволно искусен за да се „рехабилитира“ по неверојатниот кикс кој го направи вчера и прими гол во петтата секунда во дуелот со Аугсбург.

Баерн не успеа да слави во баварската пресметка со Аугсбург играјќи 2:2 во рамки на петтото коло од Бундеслигата.

„Морам да признаам дека гледав на другата страна од теренот кога падна голот. Нормално дека не очекувам дека можеме да примиме гол за само неколку секунди. Знаем како е да се биде играч, се случуваат вакви работи. Доколку е во прашање некој 20-годишен голман знам што треба да направам, но Ману ми е врсник така да тој самиот знае како да се носи со оваа ситуација. Како тим секогаш ќе се поддржуваме. Натпреварот е завршен и ништо не можеме да промениме така што сега ќе се фокусираме на тоа што ни следи, дуелот во Лигата на шампионите“, изјави Компани.

Самиот Нојер призна дека направил погрешна одлука.

„Направив глупава грешка, морав да ја префрлам топката на левата нога бидејќи двајца играчи ме притискаа од десната страна. Се обидов да пронајдам решение, но не успеав. Требаше да донесе поинаква одлука“, изјави Нојер.

Се вчитува...