Фудбалерите на Струга ТЛ имаат предност од 0-1 на полувреме против Шкупи на мечот на кој чаирчани играат како домаќини токму во Струга во првиот дуел од денешната програма од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во првите пет минути и двата тима имаа по една убава шанса, но сепак мрежите мируваа. Малески стрелаше за 0-1 во 9. минута, но поради офсајд неговиот гол беше поништен. Струга имаше уште неколку шанси кои не успеа да ги реализира, а очекуваното водство дојде во 23. минута кога Компаоре одлично се снајде по центаршутот на Воша за 0-1 за номиналниот гостин на мечот.
ПМФЛ 11. КОЛО:
ВЧЕРА:
АРСИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – БАШКИМИ 1-1
ДЕНЕСКА:
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 0-1
(17.00) ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
УТРЕ:
(13.30) АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА
(13.30) ВАРДАР – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

