Комплетен хаос во АБА лигата: Продолжува војната меѓу Црвена Звезда и Партизан

Тензиите и неизвесноста околу комплетниот опстанок на АБА лигата продолжуваат со оглед дека доцна синоќа беше откажано одржувањето на за денеска закажаната седница на собранието. Дел од клубовите решија да држат работен состанок, но на него не присуствуваат Црвена Звезда, ФМП и Цибона.

Главната војна се води меѓу српските гиганти Партизан и Црвена Звезда околу сопствеништвото на Лигата. Партизан го спори влегувањето во сопственичката структура на ФМП со оглед на поврзаноста на овој клуб токму со Звезда. Планот е ФМП заедно со Морнар и со Приморска да влезат меѓу сопствениците. Но, со оглед на противењето на Партизан ваквата одлука не може да биде донесена затоа што на собранието мора да има комплетен консензус и со согласност од сите членки за носење одлуки.

Поради тоа што главниот предуслов за да почнат сезоните во АБА и во АБА 2 е клубовите да го впишат сопственичкиот удел во судскиот регистар сега е направен огромен застој и нема никави најави за почеток на натпреварувањето.

 

Се вчитува...