Комплетирање пред Италија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација го одработи денешниот тренинг во комплетен состав, пред утрешното заминување за Италија, каде в петок во Торино ќе ги одмери силите со селекцијата на „аѕурите“, во претпоследниот меч од квалификациите за мундијалот во Русија. На соиграчите им се приклучија и Езгјан Алиоски, Стефан Ристовски и Столе Димитриевски кои го пропуштија вчерашниот прв тренинг, па селекторот Игор Ангеловски може веќе да ја подготвува тактиката за претпоследниот испит во овој циклус.

„Аѕурите“ ни се извлекоа во Скопје, можеме ли сега ние да возвратиме во Торино…?!

[new_royalslider id=”796″]

Се вчитува...