Македонската фудбалска репрезентација се комплетираше во Малага и во целосен состав ќе го продолжи патот кон Гибралтар, каде вечерва од 18 часот ќе го има првиот тренинг, во пресрет на мечот што ќе се одигра в среда, прв од Лигата на Нации, новото натпреварување на УЕФА.

Капитенот Горан Пандев, Езгјан Алиоски, како и другите интернационалци, ја докомплетираа „седумката“ која заедно со селекторот Игор Ангеловски полета од Скопје и сега сите заедно го продолжуваат патот до Гибралтар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

