Македонската репрезентација денеска во полн состав го одработи тренингот пред утрешното заминување за Романија на првиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2022.
Селекторот Игор Ангеловски имаше прва можност за одработка на технички тренинг во рамките и на тактичка подготовка за дуелот со Романците. Македонија ќе биде без Адеми, Тричковски, Костадинов и Зајков од првичноповиканите, но сите останати се подготвени за стартот на квалификациите.
Натпреварот со Романија се игра во четврток (25. март) на Националната арена во Букурешт со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА