Комплетни статистички услуги овозможи УЕФА по синоќешниот натпревар меѓу Македонија и Австрија на отворањето на Групата Ц од Европското првенство 2020, како начин за дополнителна анализа на победата на Австријците од 3-1.
На крајот, погледнувајќи ги деталните аналитички показатели, се доаѓа до заклучокот дека воопшто не е случајна победата на Австрија и покрај тоа што македонскиот состав беше блиску до реми. Но,…
Македонија имаше само два директниот удари во рамките на противничкиот гол, од кои еден погодокот на Пандев по грешката на Австрија. Додека Австријците имаа седум удари во рамките на голот на Димитриевски. Австријците и со четири корнери и еден офсајд, а Македонија без ниту еден изведен корнер.
Погледнувајќи ја индивидуалната статистика, македонската селекција има само двајца фудбалери со истрчани над 10 километри, и тоа Елиф Елмас со 10,61 километри и Аријан Адеми со 10,36 километри. Веднаш по нив се Алиоски и Пандев. Кај Австрија, пак, пет фудбалери со над 10 километри и плус најдобриот фудбалер на мечот Давид Алаба кој е со 9.90 километри но и извонреден ефект во додавањата на натпреварот, притоа и со асистенција за клучниот гол за победа.
Интересно, кај Македонија еден од фудбалерите со најголема истрчана километража е стоперот Дарко Велковски.
Австрија ги погоди и замените за разлика од Македонија. Нововлезените Грегорич и Арнаутовиќ со два погодоци беа клучниот фактор за триумфот, дополнето и со извонреден процент на ефикасност, наспроти македонски замени кое вчера не беа вистински погодени, што се чини беше пресудно за конечниот исход на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА