Ако се суди според табелата по есенскиот дел, Струга Трим Лум и Лабуништа ќе ја водат главната битка за првото место во Втората лига – Запад низ пролетното продолжение од актуелнава сезона.
Токму во таа насока и двете екипи донесоа квалитетни засилување за време на зимскиот трансфер период, водени од желбата за зацврстување на позициите во тимот во однос на конкурентот.
Но, од јануарскиот преоден рок некако посебно се издвојува битолски Пелистер кој и тоа како беше активен на пазарот со ангажман на осум звучни имиња, кога е во прашање македонскиот фудбал. Сето тоа навестува дека Пелистер иако дури на шестата позиција на табелата по есенскиот дел не се откажува така лесно и од амбициите за водечките две позиции.
Комплетната трансфер листа во Втората лига – Запад од зимскиот преоден рок 2018/2019 може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА