Комплетна трансфер листа – Зимски преоден рок: Шкупи со шампионски амбиции, „пандевци“ – ресетирани

Македонскиот фудбал мина уште еден сосема вообичаен, не поразличен во однос на минатите преодни рокови, трансфер период во кој ништо посебно драматично не се раздрма на нашата фудбалска сцена.

Факт е дека најмногу играчките редови ги освежи Шкупи, иако главно со непознати имиња од африканските земји, но и неколку препознатливи млади македонски фудбалери како Трапановски, Цветановски и Али Адем кој е донесе на позајмица од солунски Арис.

Шкендија скромно го мина преодниот рок, но останува прв фаворит за титулата…

„Лавовите“ главно го задржаа играчкиот костур од есенскиот дел, дополнително засилен со неколку познати имиња од домашната фудбалска сцена. Со сосема истиот состав во битката за Европа останува и Струга ТЛ.

Вардар, по финансискиот колапс, остана без голем број првотимци па битката за опстанок ќе биде единствената битка за „црвено-црните“. Слично како и велешки Борец, кој по повлекувањето на досегашниот главен финансиер Кочо Анѓушев, со видно изменет состав во битка за опстанок.

Сериозно засилен е и тимот на Работнички кој се очекува да се впушти во битката за европски излез. Новиот стратег Александар Влахо сега има тим за максимално позитивни резултати и битка за Европа.

Од екипите кои есенскиот дел го завршија на дното, јасно е дека Академија Пандев е видно ресетиран тим. Со Александар Васоски на чело и неколку засилувања се очекува „пандевци“ без проблеми да се изборат за опстанок во трката со Ренова, Пелистер, Беласица…

 

Се вчитува...