ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Во добро расположение, како што е впрочем, на целото првенство, македонските ракометари во Вараждин го одработуваат последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Шпанија со кој ја отвораат втората фаза на ЕП во Хрватска. Се одработуваа завршните финеси и се пегла тактиката за дуелот кој на Македонија може да и ги отвори за европско полуфинале.
На тренингот македонската репрезентација е во комплетен состав, со полна пареа тренира и Филип Лазаров кој го пропушти натпреварот од Германија поради мускулно истегнување. Може да се очекува Лазаров да се врати во составот за утрешниот меч, а на негово место беше приклучен Велко Маркоски. Според правилата, Раул Гонзалес има право на дополнителни две измени во втората фаза од ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА