Денеска во просториите на „Куќа на фудбалот“ се одржа ждребот со кој беа одредени двојките за новата натпреварувачка сезона во Прва македонска фудбалска лига.
Ждрепката за сезоната 2024/ 2025 одреди актуелниот првак Струга Трим Љум во првото коло да се соочи со Тиквеш на домашен терен. Најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера. Во првата рунда од новата сезона во ПМФЛ ќе се сретнат уште Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – Воска Спорт и Работнички – Силекс.
Првото коло во рамките на Прва МФЛ на програмата е на 10/ 11. август, со почеток во 17 часот.
Комплетниот распоред на натпреварите во Прва МФЛ за натпреварувачката 2024/2025 сезона може да го погледне на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА