Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот репрезентативци за престојните квалификациски натпревари против Израел и против Албанија за пласман на СП 2018 во Русија.
Како и што можеше да се очекува Ангеловски со комплетно подмладена селекција оди на престојните дуели, со повик за добар дел од младите репрезентативци кои настапија на ЕП во Полска.
Комплетно подновена е и одбраната во репрезентацијата, со деби сениорски повик за голманот на Арсенал, Дени Илиев. Во дефанзивата ќе ги нема Ванче Шиков и Даниел Мајсов, а на нивно место како стопери доаѓаат Дарко Велковски и Ѓоко Зајков.
Од младинските репрезентативци повик во А тимот добија и Висар Муслиу од Вардар, Кристијан Тошевски, Енис Барди, Бобан Николов, Давид Бабунски, Елиф Елмас, Никола Ѓоргев и Марјан Радески, а деби повик има и за Љупчо Дориев од Академија Пандев.
Собирот на репрезентација е на 28. август во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. Против Израел играме на 2. септември во Хаифа, а Албанија ја пречекуваме во Струмица на 5. септември.
СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО ИЗРАЕЛ И СО АЛБАНИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА