Новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот кои се во сила од денеска ги прекинуваат и одбојкарските шампионати во сите конкуренции информира Одбојкарската федерација на Македонија. За продолжението и текот на сезоната ќе биде донесена соодветно со развојот на настаните и во координација со препораките на надлежните институции велат од ОФМ.
„По препораките и забраните изречени од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, а усвоени од Владата како дополнување на мерките за превенција и за справување со заканата од коронавирусот, Одбојкарската федерација реши да ги прекине натпреварите во сите првенствени и куп конкуренции на неодредено време. Тоа значи дека викендов нема да бидат одиграни натпреварите од петтото коло во Втората фаза во сениорските лиги, ниту, пак, оние во помладите категории. Во зависност од настаните и препораките на надлежните институции, ОФМ ќе донесе соодветна одлука за тоа кога ќе продолжи одбојкарската сезона и со каков ритам“ – стои во објавата на македонската одбојкарска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА