Кевин Дурант го предводеше Феникс до голема победа над Денвер нагетс во мега-пресметката на врвните тимови од Западната конференција. Крилниот кошаркар по мечот не го криеше воодушевувањето од резултатот, но и упати најголем можен комплимент до Никола Јокиќ – нарекувајќи го Србинот најдобар кшаркар на светот.
„Имавме незгоден пораз пред два дена, сакавме да се вратиме и успеавме во тоа. Моравме многу да работиме затоа што Денвер е многу добар физички тим. Впрочем, го имаат Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот во моментов. За мене Јокиќ е меѓу десетте најдобри играчи на сите времиња“, изјави Дурант.
Асот на Феникс го заврши мечот со 27 поени и 6 асистенции, додека на спротивната страна Јокиќ стигна до дабл-дабл од 25 поени и 15 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

