Неодамна во Будимпешта, UEFA организираше значаен настан – конференцијата “UEFA Grow – Комуникација и Маркетинг”. Ова беше идеална платформа за размена на знаења и последни технолошки иновации со препознатливи предавачи и експерти од различни краишта на светот.
На конференцијата, која траеше три дена, се фокусиравме на разни теми. Меѓу најзначајните беа анализата на телевизиската еволуција, употребата на вештачката интелигенција за подобрување на оперативната ефикасност, како и стратегиите за ангажман на дигиталната публика и младите генерации. Покрај ова, се дискутираше и за развојот на женскиот фудбал и за тоа како да се зголеми вредноста на спонзорствата.
На конференцијата, специјални гости беа Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, кој ги сподели своите искуства и погледи на комуникацијата и управувањето на високо ниво, како и Роберто Розети, главен судија во UEFA.
Македонската фудбалска федерација на оваа конференција беше претставена од Фатон Зилбехари, еден од одговорните лица во Одделот за комуникации, и Александра Пејковска, одговорната во Одделот за маркетинг. На конференцијата присуствуваа и други високи претставници на раководството на UEFA.
Конференцијата го истакна централното место на UEFA во соработката со 55-те членки, без разлика дали се дел од финалето на EURO 2024 или не, со цел да се создаде единствен глас за овој значаен континентален турнир.
Преку размената на знаења и идеи, UEFA работи на креирање на соодветна сцена за турнир кој ветува да биде и магичен и инспиративен. Притоа, се истакнува и одличната работа што секоја од федерациите ја прави во развојот на фудбалот.
Основната мисија на програмата UEFA Grow е промоција и развој на фудбалот низ цела Европа, и тоа преку систематско и стратегиско зголемување во партнерство со федерациите, овозможувајќи им да го искористат својот максимален потенцијал, како на теренот така и надвор од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА