Ливерпул минатата недела го совлада Лајпциг на гостување со 0-1 во меч кој го одбележа една интересна случка. Лајпциг на социјалните мрежи му оддаде признание на својот поранешен играч Доминик Собослаи, но заборавија уште еден фудбалер кој ги бранеше нивните бои.
Се работи за Ибрахима Конате кој исто така беше дел од бундеслигашот, па францускиот репрезентативец им одговори на вистински начин, со видео на кое се гледа како дели свои дресови од Ливерпул на фановите на Лајпциг.
„Лајпциг ме заборави, но јас не ги заборавив нив“, напиша Конате крај видеото во кое дели подароци на германските навивачи по дуелот меѓу Лајпциг и Ливерпул.
📲 Ibrahima Konate on Instagram:
“RB Leipzig forgot me, but I don’t forget them 🥲 It’s all love ❤️😂” pic.twitter.com/5XYpqCTvik
— anfield social (@anfieldsociaI) October 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА